Не е доцна за Спортска прогноза, типувајте до 15.30 часот

Се уште не е доцна за да типувате во новото коло од Спортската прогноза, а тоа можете да го сторите до 15.30 часот, односно до почетокот на првите дуели што се на менито со 13+2 двојки.

Има екстра интересни мечеви и големи дерби натпревари. Возбудливиот ден за фудбалските вљубеници ќе почне со два меча од Бундеслигата, потоа на ред се мечевите од англиското првенство, а првата од двете големи пресметки што заслужено го носат епитетот големо дерби започнува во 18 часот во Торино.

Јувентус ќе му биде домаќин на Милан во дуел на двете најтрофејни екипи во Италија. Во миксот од основни 13 натпревари дополнети со две резерви ви нудиме да типувате и на натпревари од Франција, Шпанија и од втората лига на Италија.

Второто дерби кое е во фокусот, а се наоѓа на менито за типување во ова коло од Спортската прогноза ќе се игра на „Камп Ноу“ меѓу Барселона и Атлетико Мадрид од 20.45 часот.

Типувајте, забавувајте се и освојувајте многу вредни награди со Спорт Манија и Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести