Никој како Леброн – Навистина е „кралот“ на НБА лигата

Лејкерси газат во нива и потвдија дека ќе бидат први фаворити од Западот за пласман во големото финале. Ноќеска против Оклахома Езерџиите ја запишаа 12-тата победа сезонава, петта по ред, а, нормално, предвоник на тимот беше Леброн Џејмс.

Кралот не заврши како најефикасен од редовите на Лејкерс, но оствари трипл-дабл учинок со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции. Трикратниот НБА-шампион по петти пат сезонава успеа да биде двоцифрен во три различни статистики, но воедно оствари историски успех со учинокот.

Имено, Џејмс е првиот играч во историјата на НБА-лигата кој успеал да оствари трипл-дабл против сите 30 екипи. Чекаше 17 сезони за ваков успех, а Тандерси беа единствените кои не беа декласирани од Кралот сè до ноќеска.

- Оглас -

Најнови вести