Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со одличните игри сезонава и со победата над Томаш Махач во два сета (6:4,6:2) се пласира во полуфиналето на турнирот од серијата мастерс 1000 во Мајами.
Синер е неверојатен во 2024 година, досега настапи на четири турнири и на сите обезбеди пласман во полуфиналето и само еднаш не се пласира во финалето.
Синер до победата над Махач дојде за 90 минути игра, а во првиот сет одлучувачкиот брејк го направи во седмиот гем, кога поведе со 4:3 и потоа рутински ја задржа предноста. Во вториот сет немаше никаква неизвесност, Синер двапати го одзеде сервисот на противникот и стана прв полуфиналист на Мастерсот во Мајами.
Противник во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Данил Медведев и Николас Жари.
За второто полуфинале ќе играат Зверев – Марошчан односно Алкарас – Димитров.