И покрај противењата на тимовите во шпанската Примера, сезонава сепак ќе се сллучи револуционерен потег, а тоа е да се играат мечеви од домашното првенство надвор од Шпанија. Ова го потврди претседателот на Примера дивисион, Хавиер Тебас.
Тебас откри дека дуелот меѓу Барселона и Хирона ќе биде одигран далеку од шпанското тло, односно во Северна Америка. Мајами треба да биде градот домаќин на оваа средба.
„Средбата меѓу Хирона и Барселона со 90 отсто сигурност ќе се игра во Мајами. Тоа нема да биде само за еден меч, тоа е целосна стратегија процес и спонзорство“, вели Тебас.
Бидејќи Хирона ќе биде домаќин на овој меч, за да не се чувствува дискриминиран тој тим, на навивачите ќе им биде понуден бесплатен лет и следење на мечот на нивниот омилен тим, па тие ќе се чувствуваат како да се на домашен терен. Стадионот во Мајами собира 65.000 гледачи и се очекува да биде исполнет до последно место. Освен овој дуел, најавено е дека сезонава ќе има уште неколку меча кои ќе се играат во Америка.