-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Никој нема вакви навивачи како Македонија (Фото)

Македонските навивачи веќе со години се профилирани како едни од најдобрите на европската ракометна сцена, посебно кога игра нашата репрезентација на голема сцена. Така е и сега, на Европското првенство во Данска.

Македонската фаланга ужива голема репутација во Хернинг, градот каде што Македонија веќе одигра два меча од ЕП, а сега сите се подготвени за клучниот меч, тој против Романија.

Одлично расположение владее кај нашите навивачи, кои се главни за создавање добра атмосфера во фан-зоната во изминативе неколку дена. Така е и сега, пред мечот со Романија.

Македонија се надева со убедлива победа над Романија, но и доволно висок триумф на Данска против Португалија, да го освоиме второто место во групата за да останеме во главната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести