Николиќ: Нема друг тим на овие простори кој е последен на табела, а има поддршка како МЗТ!

Публиката која присуствуваше на мечот МЗТ Скопје Аеродром – ФМП од АБА лигата, доби пофали од тренерот на МЗТ, Драган Николиќ, а критики од гостинскиот тренер.

„Можеме да продолжиме да уживаме во ваква кошарка, и ваков амбиент. Неверојатно е, и вистинска реткост на овие простори, некој кој е последен на табелата да има ваква поддршка и ваква енергија во салата. Лесно е да се чука по рамо некој кој победува, обично кога не ти оди, те туркаат кон дно. Но, тука во салата Јане Сандански чувствувам позитивна атмосфера, затоа на играчите им велам дека имаме морална обврска да даваме максимум“ – изјави Николиќ.

Од друга страна, неговиот колега Ненад Стефановиќ, ги искритикува гледачите кои имале расистички извици „циган“ и „мајмун“ кон неговите играчи.

„Брука и срамота е во 21-ви век, на трето гостување по ред да слушаме од трибините извици џипси и манки. И понатаму имаме некој што омаловажува друг човек поради бојата на кожата. Навистина мислев дека не е 13-ти век. Да биде парадоксот поголем, МЗТ има тројца црни момци, значи ги навредуваат и нив, а моите момци со ниту еден гест не го заслужија тоа. Следниот пат, ние ќе го напуштиме теренот. Скандал е ова да се случува во 21-ви век“ – рече Стефановиќ.

- Оглас -

Најнови вести