Николов и Ристовски се враќаат во националната селекција, Вардар ќе има најмногу репрезентативци?

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, се уште го нема објавено списокот со повикани фудбалери за мартовскиот бараж против Данска, а очекувањата се дека тоа ќе го стори веќе во понеделник.

И додека јавноста го чека списокот со кои фудбалери ќе им се спротивставиме на Данците, веќе се знае дека дебитантот Фетаи, како и Рамадани, се двајцата фудбалери од Шкендија кои ќе добијат повик. Повратник ќе биде и Љупчо Дориев, а за тоа се пофалија од неговиот клуб, Согдијана, на социјалните мрежи.

Очекувањата се дека освен Фетаи, дебитанти ќе бидат и Мусовски од Сиетл, Херера од Борац Бања Лука, но и двоецот од Вардар, голманот Талески и бекот Јанкулов.

Од актуелниот лидер на прволигашката табелата, според шпекулациите, ќе има најмногу репрезентативци, па освен Талески и Јанкулов, повик од селекторот Седлоски ќе добијат и Бабунски, Велковски и Николов, кој заедно со Стефан Ристовски ќе бидат повратници.

Секако, костурот на националната селекција останува ист, па неизоставен дел се и стандардните репрезентативци Димитриевски, Елмас, Барди, Алиоски, Миовски, Чурлинов …

Натпреварот со Данска се игра на 26-ти март во Копенхаген.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести