Ништо од Барселона: Џонатан Тах потпиша за Баерн Минхен (Видео)

Баерн Минхен и официјално се пофали со потписот на дефанзивецот Џонатан Тах. Германскиот репрезентативец во Баварија пристигна како слободен фудбалер од Баер Леверкузен откако му истече договорот со минатогодишниот освојувач на Бундеслигата.

Долго се шпекулираше дека Тах ќе се пресели во Барселона, но на крајот се одлучи да потпише за Баерн Минхен и да остане во татковината.

Тах потекнува од академијата на Хамбургер, каде што го имаше и сениорското деби, а пред да се пресели во Баер Леверкузен, играше и како позајмен во Фортуна Дизелдорф.

 

- Оглас -

Најнови вести