Швајцарскиот интернационалец Гранит Џака е пред заминување од Баер Леверкузен и го информирал клубот дека сака негова следна станица да биде Сандерленд.
Иако во текот на летото го поврзуваа со Милан, а подоцна и со Фенербахче, Џака сепак одлучи да се врати во Премиер лигата, каде што играше и за Арсенал.
Сандерленд се врати во Премиер лигата и има главна цел да го задржи статусот во елитата, а Џака сигурно ќе биде големо засилување.
Џак има 32 години, а договорот со Баер му важи до летото 2028 година.