6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Ништо од шишањето: Најпознатиот навивач на Манчестер јунајтед ќе мора да почека

Френк Илет со сигурност е најпознатиот навивач на Манчестер јунајтед, откако си постави предизвик дека ќе се шиша кога неговиот омилен тим ќе победи на пет натпревари по ред.

„Црвените ѓаволи“ имаа четири победи по ред во пресрет на гостувањето кај Вест хем, но одиграа само нерешено, 1-1, во Источен Лондон, па Илет ќе мора да почеток нова серија на избраниците на Мајкл Карик.

На следните пет натпревари, Манчестер јунајтед најпрво ќе гостува кај Евертон, па ќе го пречека Кристал палас, потоа ќе оди кај Њукасл, па дома со Астон вила и на крај со Борнмут на гости. Тоа би значело дека Илет нема да се шише уште најмалку 40 дена.

- Оглас -

Најнови вести