Ништо од Суарес, но Годин и Хименес го обелија образот на Уругвај

Диего Годин и Хосе Марија Хименес се фудбалерите кои синоќа испишаа нова страница во богатата историја на уругвајскиот фудбал. За првпат се случи двајца сонародници од оваа јужноамериканска земја да постигнат гол за иста екипа на еден ист натпревар од европската Лига на шампиони.

Хименес и Годин му донесоа победа на Атлетико Мадрид од 2-0 против Јувентус, што е одлична предност пред реваншот во Торино. Овие двајца сонародници првпат дадоа голови на ист меч во дресот на Атлетико.

Можеби љубителите на фудбалот во Уругвај во осминафиналето од елитното клупско натпреварување чекаа голови од нивниот главен адут Луис Суарес, кому работа му е да дава голови, но тој во ЛШ потфрла кога игра на гостински терен, па уругвајските погодоци паднаа од оние од кои најмалку се очекуваше, дефанзивците Хименес и Годин.

- Оглас -

Најнови вести