Косово со пресврт против Чешка славеше со конечни 2-1 во квалификацискиот меч за ЕП 2020. Противниците на Македонија во баражот од Лигата на Нации ја продолжија својата извонредна форма на 15 меча без пораз, а денешната победа на Чесите им беше вкупно 10-та.
Патрик Шик го отвори дуелот по 16 минути игра со погодокот по кој Чешка дојде до предност од 0-1. Сепак, радоста за гостите траеше само четири минути, бидејќи Косово брзо се опорави и преку Мурики израмни со првата посериозна шанса. За конечните 2-1 и комплетен пресврт погоди Војвода во 67-та минута.
Косово по пет меча стои на врвот во квалификациската група А со осум бода, два повеќе од Чешка и Англија, која пак вечерва ќе брка бодови против Бугарија.
https://twitter.com/kosovanfooty_/status/1170327884193554433
https://twitter.com/kosovanfooty_/status/1170343589404184577