Ниту Штутгарт не го најде лекот за „фармацевтите“: Баер се спаси во 97-мата минута (Видео)

Серијата без пораз на Баер Леверкузен се зголеми на 46 натпревари, откако „фармацевтите“ повторно на магичен начин се спаси од пораз и тоа со гол во 97-мата минута на мечот против Штутгарт.

Гостите во второто полувреме брзо дојдоа во водство од 0-2, но Баер Леверкузен не би бил шампион на Германија доколку така лесно се откаже и се помири со поразот. Амине Адли во 62-рата минута намали на 1-2, а Роберт Андрих во 97-мата минута израмни на 2-2 и го спаси својот тим од пораз, што за нив ќе беше прв оваа сезона во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести