Ниту триумфот над Џенова не го спасува Џампаоло – замената е најдена

Раководството на Милан му постави ултиматум на Марко Џампаоло по катастрофата со Фиорентина. Росонерите мораа да ја совладаат Џенова во изминатото коло за италијанскиот тренер да остане на чело на клупата. Тоа и се случи, но се чини дека ниту тоа нема да му ја спаси работата на Џампаоло.

Италијанските медиуми тврдат дека управата веќе воспоставила контакт со екстренерот на Интер и Рома, Лучијано Спалети. Наводно, постигнат е усмен договор, а ќе се реализира откако ќе се потврди отказот на Џампаоло. Воедно, Милан ќе го ослободи Спалети од прерано раскинатиот договор со Интер, кој првично важеше до 2021 година.

Спалети инаку не е првиот избор на челниците на седумкратниот европски првак. По него посегнаа откако добија негативен одговор од нивната клупска легенда, Андриј Шевченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести