Напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, беше категоричен дека ќе остане во клубот и покрај големиот интерес од Фенербахче, истакнувајќи дека е задоволство да работи со тренерот Масимилијано Алегри.
Францускиот репрезентативец исто така го изрази разочарувањето по ремито 1-1 со Фиорентина, иако го постигна единствениот гол за својот тим.
„Сакам да останам тука, во Милан, сè друго се шпекулации. Малку сум разочаран затоа што сакавме да освоиме три поени. Но, тренерот вели дека кога не можеш да победиш, клучно е да не загубиш. По израмнувачкиот гол имавме уште седум минути, и треба да се научиме подобро да ја контролираме играта и да го ставиме противникот под притисок. Кога играш во Милан, сакаш да победуваш на секој натпревар, но мора да мислиме меч по меч. Имаме добар тренер и стручен штаб, сигурно ќе се подобриме. Пред да зборуваш за тренерот, мора да зборуваш за човекот. Алегри е фантастичен човек и задоволство ми е да работам со него секој ден. Тој се обидува да нѐ натера да работиме најдобро што можеме секој ден, и тоа со насмевка, секако“, изјави Нкунку за „ДАЗН“.

