Нојер доби два меча суспензија, кои можеби и никогаш нема да ги одлежи

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, е суспендиран на два натпревара поради црвениот картон кој го доби на мечот од Купот на Германија против Баер Леверкузен. За легендарниот германски голман ова беше прв црвен картон во 866-те натпревари кои ги одигра во кариерата.

Сепак, казната се однесува само на натпреварите од Купот на Германија, со оглед на тоа дека договорот му завршува на крајот од оваа сезона. Баерн Минхен веќе е елиминиран, па доколку Нојер остане во редовите на Баварците, казната би ја одлежал во германскиот Супер куп, секако доколку Баерн ја освои шампионската титула, како и во првото коло од Купот на Германија следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести