Нојер ќе се чува за Мундијалот, нема да брани за Баерн во финалето од Купот на Германија

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе го пропушти финалето на Купот на Германија против ШтутгартТој има проблеми со левиот лист по последниот меч во Бундеслигата, против Келн (5-1). Него ќе го замени Јонас Урбих, пренесува Флоријан Плетенберг.

Четириесетгодишниот голман закрепнува многу добро, но постои ризик од посериозна повреда доколку настапи на натпреварот. Мислите на Мануел Нојер се насочени кон Мундијалот. Тој се враќа во репрезентацијата на Германија по двегодишна пауза и ќе биде прв избор на голот на терените во Северна Америка.

Натпреварот од Купот на Германија помеѓу Баерн Минхен и Штутгарт се игра во сабота.

- Оглас -

Најнови вести