Нојер смрзна на голот, па направи катастрофален кикс (Видео)

Мануел Нојер важи за еден од голманите коишто играат многу добро со нога. Голманот на Баерн Минхен многу често може да го видиме како игра и во стил на централен дефанзивец надвор од шеснаесетникот и речиси е непогрешлив во играта со нога.

Сепак, на денешното гостување во Киев кај Динамо, Нојер се посрамоти, но, за среќа, тоа не беше кобно за неговиот тим. Во една ситуација топката беше вратена кон голманот на гостите, а Нојер наместо да ја исфрли, ја промаши и таа тргна кон неговиот небранет гол.

За среќа на гостите, топката заврши во стативата и тоа спречи израмнување на 1:1. Во Киев се игра на минусна температура, а врне и снег, но тоа не беше причина за Роберт Левандовски да не направи мајсторија и со „ножички“ успеа да постигне гол за 1:0 за Баерн Минехен.

- Оглас -

Најнови вести