Нојер заборави дека Левандовски веќе не му е соиграч, му додаде на Полјакот и сите ги збуни (Видео)

Баерн Минхен и Барселона играат без голови по првото полувреме во дербито на второто коло во Лигата на шампионите, а досегашниот дел од средбата на „Алијанц арената“ го одбележа киксот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

По една вратена топка до Нојер, голманот на Баерн, кој важи за еден од најдобрите чувари на мрежата кои играат добро со нога, топката ја додаде право кон Роберт Левандовски, кој беше најблиску до него.

Полјакот беше збунет од подарокот, а дефанзивецот на Баерн, Упамекано, одлично реагираше и успеа да го спречи Леванвоски да шутира.

Освен оваа шанса, Левандовски имаше уште две добри можности за погодок во првиот дел на „Алијанц арената“, но не успеа да ја затресе мрежата на неговиот неодамнешен соиграч.

- Оглас -

Најнови вести