1012 Лестер – ВБА (21 ч.)
Лестер е тим кој игра без многу калкулации, па во просек на мечевите кога игра сезонава има просек од речиси три гола. ВБА е слаб на гостински терен сезонава и има дури 10 порази во 13 средби, со само три победи и ниедно реми.
Традицијата е на страна на Лестер, па од последните осум меѓусебни дуели, Лестер има шест победи, а два пати било нерешено. На шест од тие осум дуели имало меѓу два и три погодоци.
Предлог тип: 1Х&2-3 (3.00)
5603 Нигерија – Мозамбик (20 ч.)
Нигерија беше перфеткан во групната фаза на Африканскиот куп на нации и заврши со девет бодови од три меча. Мозамбик е изненадување дека ја помина групата во која заврши на третото место.
Делува неверојатно за селекција од Африка, но Нигерија на последните девет меча игра со гол-гол, што е најава дека треба да има погодоци и на оваа средба. Нигерија победи на последни четири меѓусебни дуели против Мозамбик.
Предлог тип: 1&2-4 (2.04)
1549 Бенфика Б – Порто Б (19 ч.)
Меч од втората португалска лига и тоа на Б-тимовите на гигантите Бенфика и Порто. Без разлика што се Б-составите, градското ривалство на овие екипи секогаш е присутно.
Бенфика Б е на деветото место, а Порто е претпоследен и е најнеефикасен тим со само 14 дадени гола во 15 меча. Традицијата вели дека на осум од псоледните девет меѓусебни дуели било ГГ3+, а во последните 25 пресметки имало по два или повеќе голови.
Предлог тип: ГГ3+ (2.16)
1968 Галатасарај – Трабзонспор (18:30 ч.)
Полуфинале од Суперкупот на Турција. Галатасарај е фаворит затоа што тоа е екипата која е лидер во првенството, но не треба да се заборави дека Трабзонспор е одличен и има само два порази во 17 кола.
Пред два месеци овие ривали играа 0:0 на теренот на Галатасарај, но во претходните шест меѓусебни пресметки, победуваше гигантот од Истанбул.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
5639 Египет – Бенин (17 ч.)
Египет е голем фаворит да се пласира во четвртфиналето. Бенин се најде во нокаутфазата благодарение на минималната победа од 1:0 над Боцвана, а во групната фаза губеше со 3:0 од Сенегал и 1:0 од ДР Конго.
Предлог тип: 1-1&2+ (2.80)

