Кордоба – Бока јуниорс (1:45 ч.)
Кордоба важи за домашна екипа која во осум меча сезонава загуби само еднаш. Бока ја има најдобрата одбрана во лигата со само 7 примени гола во 17 средби. Посебно „сиромашни“ се средбите кога Бока гостува, па во осум дуели има гол разлика 7:3.
Двете екипи имаат проблеми со повредени играчи. а ако се гледа традицијата и по стилот на игра, овој дуел може да го реши и само еден потег.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.28)
Америка Кали – Бојака Чико (01:30 ч.)
Домаќините се меѓу оние екипи кои ќе бидат фаворити за висок пласман во колумбиското првенство каде се игра 3. коло. На четири од последните пет меча имало барем по 3 гола, што само е најава за ефикасен меч.
На четири од последните шест меча на кои Америка е домаќин, билансот е четири победи на домаќините и две реми.
Предлог тип: 1&3+ (2.25)
Депортес – Евертон (00:30 ч.)
На пет од последните шест меча на овие две екипи немало повеќе од два гола. Во првото коло Депортес загуби и само ја продолжи негативната низа од крајот на ланското првенство кога имаше три порази и реми во последните четири средби.
Евертон е тим кој многу ретко победува на гости, но ни Депортес не е некоја екипа во која може да и се верува без разлика каде игра.
Предлог тип: 0-2 гола (1.68)
Мунисипал Винто – Гуабира (00:30 ч.)
Дуел од 4. коло во боливиското првенство. Винто победи пред своја публија, но загуби два пати на гости. Гуабира е екипа која реално нема квалитет да брка триумф на гости. Двете екипи долго време немаат играно меѓу себе, а Винто е во улога на фаворит пред своите навивачи.
Предлог тип: 1 (1.68)