Никола Јокиќ имаше феноменална сезона, која ја заврши со просек од трипл-дабл. Српскиот центар беше незадржлив и имаше просек од 29.6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции, што само потврдува дека е лидер на Денвер.
На крајот, по 82 меча Денвер заврши со 50 победи и 32 порази, а ист биланс на крајот имаше и Лос Анџелес клиперс. Тимот од ЛА сепак заврши една позиција зад Денвер. За тоа дека квалитетот и силата на двата тима е речиси израмнет, се потврди и во межусебната серија од првото коло од плејофот, па по шест средби, резултатот е 3:3 во победи и мора да се игра решавачки дуел.
Популарната „мајсторка“ ќе се игра на теренот на Денвер, каде Клиперс еднаш успеа да слави во оваа серија. Интересно е дека Денвер во последните 10 средби што ги одигра има шест победи и четири порази, во просек постигнува 112,1 поени, а тимот има 44,8 скока и 27,1 асистенции. Клиперс во последните 10 средби што ги одигра има седум победи и три порази, а во просек постигнува 113,8 поени, 41,2 скока и 26,2 асистенции.
Ако Јокиќ е лидерот на Денвер, тогаш главен играч кај Клиперс е Џејмс Харден и од нивните игри ќе зависи многу во овој решавачки дуел.