Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер повеќе од една деценија беа големи ривали на теренот, но и коректни колеги надвор од него. Федерер вчера најави дека ја завршува кариерата со 20 освоени Гренд слем турнири, а Ѓоковиќ кој има 21 Грендслем трофеи, по речиси 24 часа, се огласи со реакција.
„Чест ми е што те познавав на теренот, но и надвор од него и во многуте години кои доаѓаат. Знам дека ова ново поглавје ќе има многу неверојатни работи за тебе, Мирка, децата и сите ваши сакани, а фановите на Роџер ќе имаат уште многу на што да се радуваат. Од нас, за вашето семејство сакаме многу радости, здравје и благосостојба во иднина. Се радувам што ќе се видиме во Лондон“, напиша меѓудругото Ѓоковиќ по повод пензионирањето на Федерер.
View this post on Instagram