Ноле: Видов како веќе го губам мечот, но пред стартот на петиот сет по однесувањето на Циципас ми стана јасно дека ќе победам

По четири часа исцрпувачка борба Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас во полуфиналето на Ролан Гарос. Најдобриот тенисер во светот беше голем фаворит пред мечот и одлично започна, поведеувајќи со 2:0 во сетови. Во третиот сет, Ѓоковиќ имаше и меч топка, но не ја искористи.

Циципас потоа успеа да се врати и го доби третиот сет, а потоа Гркот беше подобар и во четвртиот, за израмнување на 2:2.

„Во првите два сета играв прилично опуштено затоа што играв одлично. Сепак, кога го загубив третиот сет, веќе помислив како можам и да го загубам мечот. Во четвртиот сет се случуваа многу чудни работи, но се трудев да останам смирен и максимално фокусиран“, вели Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број 1, откри како пред почетокот на петиот, решавачки сет, едноставно знаел дека ќе успее да се врати и да го добие полуфиналето.

„Пред да започне петиот сет го видов Стефанос кој делуваше многу исцрпен. Пред да почне Ролан Гарос тој играше и на турнирот во Хамбург, а и тука имаше неколку тешки мечеви. Очигледна беше разликата во кондицијаи тоа го искористив“, рече Ѓоковиќ за драмата во пет сета.

Ѓоковиќ на крајот се избори за петото финале на Ролан Гарос, каде утре го чека неприкосновениот Рафаел Надал.

На женскиот дел од турнирот, денеска во битка за трофејот ќе играат Американката Софија Кенин и Полјачката Ига Швјонтек.

 

- Оглас -

Најнови вести