Норвешката ракометна круна свети со полн сјај – Со ефектен пресврт ја декласираа Франција во големото финале

Женската ракометна репрезентација на Норвешка по четврти пат е светски првак, откако вечерва во големото финале ја победи Франција со 29:22 во финалето во Гранолјерс.

Предводени од триото Реистад-Морк-Дејл кои заедно постигнаа 16 гола Норвежанките направија голем пресврт и од негатива од 12:16 по првиот дел стасаа до победа за светско злато со 29:22.

Кај Французинките кои по сеедми пат по ред загубија од Норвешка во меѓусебните дуели, најефикасна беше Алисон Пино со 4 гола.

Норвешка лани во финалето на Европското првенство ја совлада Франција со 22:20, а сега приреди реприза и во мечот за светското злато.

Со овој триумф Норвежанките имаат четири светски круни и се израмнија со Русија на врвот на вечната листа.

Бронзата ја освои Данска со победа од 35:28 против домаќинот Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести