Норвешкиот тренер не штедеше зборови: Лазаров беше еден од најпаметните играчи, сега се покажува и како тренер

Екипата на Алкалоид одигра одличен меч и на крајот го победи норвешкиот Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот меч од полуфиналето на ракометниот Европски куп на ЕХФ. Петте гола предност беше и највисока што Алкалоид ја имаше во текот на меч, па затоа и тренерот Кирил Лазаров е задоволен од резултатот.

На спротивната страна, на клупата кај гостите од Норвешка беше Бјарте Мирхол, кој е легендарен норвешки пикер, но и поранешен соиграч на Лазаров од времето кога играа во Веспрем. Мирхол имаше пофални зборови за тоа како Лазаров ја поставил играта на Алкалоид.

„Најпрво, честитки за мечот. Беше како што очекувавме. Го анализиравме Алкалоид, знаевме дека играат брз ракомет исто како нас. Имавме проблеми во одбраната и да ја сопреме нивната игра. Да се прими 42 гола е многу. Лазаров беше еден од најпаметните играчи, сега одигра доста добра игра игра која добро нѐ изолира. Во интернационалниот ракомет има многу промени, видовме дека Лазаров знаеше како да нѐ изолира и нѐ изненади. Беше чест да се игра во Скопје против Лазаров и Алкалоид“, изјави Мирхол по мечот во Автокоманда.

Реавншот од полуфиналето ќе се игра на 26 април на теренот на Рунар.

- Оглас -

Најнови вести