Нов блесок на Дурант, домаќините имаа своја вечер во НБА (ВИДЕО)

Изминатава ноќ се одиграа четири средби, каде што на три од нив домашните екипи се радуваа на победата.

Бруклин нетс ја победија Филаделфија со 114:105, а како и многупати досега, најдобар поединец на средбата беше одличниот Кевин Дурант.

Тој имаше дабл-дабл учинок од 34 поени и 11 скока, оставајќи ги зад себе Џоел Ембид со 32 и Сет Кари со 29 уфрлени поени.

Минатосезонскиот финалист Феникс санс беше подобар од Вашингтон со 118:98.

Прв стрелец на средбата беше Бредли Бил од гостинскиот тим со 26 коша, додека кај победниците најефикасен беше Џавал МекГи со 17 поени.

Честа на гостите ја одбрани Њујорк, кој славеше кај Хјустон со 103:116, а најефикасен на средбата со 24 поени беше Имануел Квикли.

Воедно, натпреварот меѓу Торонто репторс и Чикаго беше одложен поради голема заразеност на екипите со вирусот ковид-19.

НБА

Бруклин нетс – Филаделфија 76-ерс 114:105

Феникс санс – Вашингтон визардс 118:98

Индијана пејсерс – Детроит пистонс 122:113

Хјустон рокетс – Њујорк никс 103:116

- Оглас -

Најнови вести