Нов голем инцидент се случи на фудбалските терени во Македонија, откако неделниот меч од Третата лига – Север помеѓу Беса и Аеродром во Слупчане имал и трето полувреме.
Гостите од Скопје со пресврт во финишот од мечот победија со 1-2 на гостувањето во Слупчане, а по последниот свиреж на судијата, домашните физички го нападнаа и го претепаа голманот на Аеродром, кој е хоспитализиран од добиените повреди.
ФФМ мора најостро да реагира и да изрече доживотни суспензии за тепачите, но и да започне да ги исклучува од лига клубовите кои предизвикуваат вакви инциденти. Едноставно за насилството не смее да има место на спортските терени.

