Нов мерак за обложување, денеска почнува Африканскиот куп на нации

Со натпреварите Камерун – Буркина Фасо од 17 часот, и Етиопија – Кејл Верде (Зеленортски острови) од 20 часот, денеска стартува 33-тото издание на Африканскиот куп на нации.

Африканското првенство ќе трае до 6 февруари, а организатор е Камерун. Од неодамна, претседател на камерунската фудбалска федерација е Самуел Ето, па легендата се надева дека домашниот терен ќе им помогне да дојдат до шестата континентална титула.

Актуелен првак е Алжир, кој предводен од Ријад Марез, пред две години во финалето го победи Сенегал со 1-0. Сенегал повторно има силен тим со Садио Мане во нападот, Едуард Менди на голот и Калиду Кулибали во одбраната.

Египет кој е рекордер со седум титули, последната во 2010 година, ќе се потпира на Мохамед Салах.

- Оглас -

Најнови вести