Нов потоп на Атлетико во Каталонија

Еспањол запиша убедлив триумф од 3-0 над Атлетико Мадрид во мечот од 36-тото коло во Ла Лига. Тие се само вториот тим од шпанското првенство кои успеаја во три наврати да ја затресат мрежата на Јан Облак, претходно го стори тоа само Реал Мадрид, во победата од 3-1.

Со автоголот на капитенот Годин во последната минута од првото полувреме, Еспањол замина со предност на паузата, додека во вториот дел Иглесиас со два гола во 52-ра и 89-та минута го најави шестиот пораз на Атлетико за оваа сезона во првенството.

Атлетико сезонава е без позитивен резултат на гостувањата во Каталонија. Загубија од Барселона со 2-0, со Жирона ремизираа при конечни 1-1, а сега претрпеа ново разочарување од Еспањол.

Еспањол со овој триумф стигна до 47 бода и воедно ги врати надежите за пласман во Лигата на Европа. Седмата позиција им бега за три бода, која засега припаѓа на Атлетик Билбао. Атлетико и дефинитивно ќе биде втора најдобра екипа во Шпанија за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести