Можеби звучи неверојатно, но бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е заразен со коронавирус! Фудбалерот во четвртокот се тестирал, по што добил позитивен тест и сега е во изолација.
Нејмар беше дел од составот на Сантос на мечот против Ботафого, но со оглед на тоа дека договорот му истекува на крајот од месецов, веројатно тоа беше и последниот негов натпревар за оваа екипа.
Сантос во петок игра против Форталеца, а потоа започнува Светското клупско првенство, па ќе има пауза во првенството на Бразил, кое продолжува кон средината на јули.
Навивачите веќе започнаа да се шегуваат на негова сметка, велејќи дека само Нејмар може да добие коронавирус во 2025 година, но и дека повеќе време не игра, отколку што игра фудбал последниве години.