Нов рекорд на Аргентинецот: Никој никогаш како Меси во шпанското првенство

Барселона не успеа да го одбрани тронот во Примера дивисион, но затоа капитенот на Каталонците, Лионел Меси, продолжува да поставува неверојатни граници. По завршување на синоќешното последно коло, Меси и официјално повторно стана најдобар стрелец сезонава со 25 погодоци.

Зад Меси на оваа листа сезонава се најде Карим Бензема, кој има 21 погодок во првенството, што не беше доволно да се спречи четиригодишната доминација на Меси како најдобар стрелец. Трофејот „Пичичи“ вкупно по седми пат во кариерата ќе го подигне Меси, нешто што не му успеа никому претходно.

Легендарниот Зара има шест титули за најдобар стрелец, а Уго Санчез и Ди Стефано по петпати биле најдоби стрелци во шпанското првенство. Меси сезонава даде 25 гола, што беше повеќе од доволно за да биде рекордер во оваа категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести