Екипата на Атлетик Билбао постави нов рекорд за посетеност на еден меч од женски фудбал во Шпанија откако дуелот против Атлетико Мадрид во Купот го гледаа неверојатни 48.121 гледачи. Со оваа посетеност е срушен претходниот рекорд, кој исто така беше во сопственост на Атлетик Билбао. Во 2003 година, во мечот на којшто женскиот тим на Атлетик славеше против Испалис и стана првак на Шпанија, на трибините имаше 35.000 гледачи.
Интересно е што посетата од 48.121 гледач е рекорд и во однос на машиот тим на Атлетик Билбао. Баскијците сезонава најмногу публика имаа на локалното дерби против Реал Сосиедад, кога на трибините имаше 46.884 гледачи, односно околу 1.300 помалку од тоа што го гледаа женскиот тим на синоќешниот меч.
За жал на публиката, девојките од Атлетик загубија со 0-2 од Атлетико Мадрид и беа елиминирани од Купот. Раководството на клубот направи акција сите оние коишто имаат купено сезонски билети за машкиот тим, да може бесплатно да ги следат мечевите на женската екипа, додека останатите плаќаат билет само од пет евра.
На женскиот дел од Купот на Шпанија, освен Атлтико Мадрид, во полуфиналето се пласираа и бранителот на трофејот Барселона, како и екипите на Сосиедад и Севилја.