Нов шок: Ѓоковиќ нема да настапи и на ЛОИ и на Вимблдон?!

Резултатите од дополнителните прегледи на Новак Ѓоковиќ воопшто не се позитивни. Србинот поради повреда на коленото, се повлече од настапот на Ролан Гарос, а сега под знак прашалник се и Летните олимписки игри и Вимблдон.

Според магнетната резонанца, Ѓоковиќ има скинат медијален менискус на коленото, а за тоа е потребна пауза најмалку од два месеца. Олимписките игри се во август, а тоа е единственото одличје кое му недостасува на Србинот, а Ѓоковиќ беше прв фаворит за златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести