Нов скандал на Роналдо: На соиграчите им покажа дека му се оди по голема нужда од нивната слаба игра (Видео)

Фудбалерите на Ал-Хилал го освоија Суперкупот на Саудиска Арабија со победа од 4:1 против Ал-Наср, пораз кој многу тешко му падна на Кристијано Роналдо.

Роналдо постигна гол за водство на Ал-Наср во 44. минута, по што неговиот тим замина на полувреме со предност.

Меѓутоа, од 55. до 72. минута, Ал-Хилал постигна дури четири гола и го освои трофејот.

Србите Сергеј Милинковиќ-Савиќ (55. минута) и Александар Митровиќ (63. и 69. минута) го свртија резултатот на 3:1, а кога Малком (72. минута) го постигна четвртиот гол за Ал-Хилал, на Роналдо „му се стемни”.

Прво почна да ги навредува соиграчите, покажувајќи им со раце дека „спијат на теренот“, потоа укажуваше дека натпреварот е завршен, но не застана тука.
Во еден момент, почна да прави гестови со рацете кои асоцираат на вршење на голема нужда, за што би можел повторно да биде казнет.

Ова не е првпат Роналдо да прави вулгарни гестови за време на натпревар, а тоа не се толерира во Саудиска Арабија. Португалецот би можел да добие суспензија од неколку натпревари.

- Оглас -

Најнови вести