Нов триумф на Линдвик, тројца браќа испишаа историја на Четирите скокалници

После победата во Гармиш Партенкирхен, норвешкиот ски скокач Мариус Линдвик триумфираше и во Инзбрук, па го искористи киксот на Рјоју Кобајаши, за да се вмеша во битката за трофејот на новогодишната турнеја Четири скокалници. Второто место го освои Давид Кубацки, додека трети беше Даниел Андре Танде.

Денешниот натпревар во австрискиот ски-центар беше и историски, поради настапот на тројца браќа, нешто што се случува првпат. Словенците Домен, Петер и Цене Превц, ги минаа квалификациите и првпат сите тројца настапија на Четири скокалници, и испишаа историја.

Победникот ќе се решава на последната станица на турнејата, задутре во Бишофсховен. Полјакот Давид Кубацки е лидер на турнејата, втор е Линдвик, по што следуваат Гајгер и Кобајаши, и ако не се случи нешто непредвидено, тука некако завршува конкуренцијата за победничкиот подиум на турнејата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести