Нов убедлив пораз на Штрковите, горчлива Цедевита му сервираше Олимпија на МЗТ Скопје

Цедевита Олимпија го победи МЗТ Скопје со 93:73 и го остави македонскиот тим на само една победа во пет натпревари во АБА лигата.

Во Стожице во Љубљана Штрковите од Аеродром почнаа добро и по првиот период имаа предност од 19:18, но потоа им се случи голем пад.

На стартот од втората четвртина домаќините направија серија од 8:0, поведоа со 26:19 и оттогаш МЗТ Скопје само еднаш имаше нерешено, 30:30.

Се останато беше во знакот на кошаркарите на Цедевита Олимпија, екипа која имаше предност и од 20 поени и во третата и во четвртата четвртина.

Страхиња Мичовиќ со 25 поени беше најефикасен и кај МЗТ Скопје и на мечот, а Војдан Стојановски беше втор стрелец кај гостите од Скопје со 11 поени.

Ајви даде 10 поени, па само тројца гостински кошаркари имаа двоцифрен број на поени.

Кај Цедевита Олимпија, Омиќ постигна 19 поени, а Ферел уфрли 16.

Во петок во 18 часот МЗТ Скопје ќе му биде домаќин на Морнар во шестото коло во Јадранската лига.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести