Нова брука за кошаркарите на Ѕвезда, на прагот се да испаднат од плејофот во српското првенство

Црвена ѕвезда беше шокирана во Белград од Спартак со 81-93 во првиот полуфинален меч од плејофот во кошаркарската лига на Србија, и на тимот од Суботица кој ќе биде домаќин на вториот меч од оваа серија, му треба уште една победа за сензационален пласман во финалето.

После разочарувањето кое Црвено-белите им го приредија на своите фанови со поразот од Будуќност во полуфиналето на АБА лигата, сега уште повеќе ги наутија, па Делиите вечерва гласно ги исвиркаа скапо платените ѕвезди.

„Имавме многу лош натпревар. Јасно е дека кога ќе примите 93 поени, одбраната била лоша. Секој мора да го промени својот начин на размислување и да се подготви за натпреварот во Суботица и да се вратиме тука за мајсторка. Не сакам да барам изговори иако имаме проблеми и повредени играчи. Ние сме Црвена Звезда и можеме да губиме натпревари, но мора да се бориме“, рече тренерот Јанис Сферопулос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести