Нова „корпа“ за Јунајтед: Ниту 60 милиони фунти не се доволни за репрезентативецот на Камерун

Манчестер јунајтед и Брентфорд никако не можат да се договорат за трансферот на одличниот камерунски репрезентативец, Брајан Мбеумо. Последната понуда на „црвените ѓаволи“ изнесуваше 60 милиони фунти, но и таа е одбиена.

Бретфорд за својот фудбалер бара 62,5 милиони фунти и не плнира да прифати помала сума, што и не е голема разлика од она што го нудат од Манчестер јунајтед.

Камерунецот кој е роден во Франција, во моментов вреди 55 милиони евра, а минатата сезона за Брентфорд одигра 42 меча со ефект од 20 гола и девет асистенции.

„Пчелите“ за него платија само 6,5 милиони евра во 2019 година, кога го купија од францускиот клуб Троја.

- Оглас -

Најнови вести