Нова сензација во Купот на Франција: Третолигашот Руен го елиминира Монако (Видео)

Третолигашот Руен направи сензација во Купот на Франција и го елиминира Монако во осминафиналето на пенали. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1 откако Монако поведе преку Балогун, а домашните во финишот на првиот дел израмнија преку Басин.

Во пенал-серијата се шутираа дури 14 пенали, а домашниот Руен на крајот се радуваше откако успеа да реализира шест, а Монако еден помалку. Руен во четвртфиналето на домашен терен ќе игра против второлигашот Валенсиен.

- Оглас -

Најнови вести