Нова сезона, нов тренер, но стара приказна за Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед им приреди разочарување на домашните фанови на „Олд Трафорд“, откако загуби со 1:2 во првиот меч од новата сезона во Премиер лигата. Црвените ѓаволи доведоа нов тренер за новата сезона, но резултатите се очајни како што беа пред неколку месеци, кога финишираше претходната сезона.

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг реши во стартниот тим на Манчестер да го нема Кристијано Роналдо што се покажа како погрешен потег. Брајтон доминираше на теренот, одбраната на Манчестер беше очајна и тоа го искористи Паскал Грос.

Во 30 минута Грос го најави изненадувањето погодувајќи за 1:0 за гостите, а потоа истиот играч зголеми на 2:0 во 39 минута. Манчестер јунајтед станува омилен клуб за Грос, затоа што тој веќе стигна до шест погодоци дадени во дуелите со Црвените ѓаволи. Двата гола на Грос може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме, во игра влезе Роналдо и играта на домаќините доби во динамика. Во 68 минута Манчестер се израдува погодок и тоа благодарение на автоголот на Мекалистер. Иако имаше доволно време за втор погодок, Црвените ѓаволи не успеаа да стигнат до реми, па новата сезона ја започнаа на најлош можен начин.

- Оглас -

Најнови вести