Нова тинејџерска ѕвезда блесна во Ливерпул и тоа на дебито на новиот тренер (Видео)

Англискиот гигант Ливерпул со победа стартуваше во подготвителните мечеви во пресрет на новата сезона. На турнејата во САД, во Пенсилванија, Ливерпул минимално со 1:0 го победи Бетис.

Доминик Собослаи го постигна единствениот гол за победа на Ливерпул и тоа во мечот на кој деби на клупата имаше новиот тренер Арне Слот. Холандскиот стратег дојде на чело на Ливерпул на местото на Јирген Клоп кој претходните осум години беше „газда“ на клупата на овој клуб.

Освен дебито на Слот и голот на Собослаи, мечот го одбележа и одличниот меч на тинејџерот Треј Нјони. Талентираниот 17-годишен тинејџер беше резерва против Бетис, но во игра влезе во 30 минута на местото на Куртис Џонс.

Точно еден час имаше Нјони, кој игра како играч за врска, да го покаже својот талент. Од него започна и акцијата по која беше постигнат голот, а и потоа младиот играч покажуваше дека има раскошен талент.

Нјони во минатата сезона дебитираше и одигра само еден меч во сениорскиот тим и тоа во ФА Купот на Англија, а според тоа што го покажа на пресметката против Бетис, многу веројатно е дека во новата сезона ќе добива многу поголема доверба да биде на теренот.

- Оглас -

Најнови вести