Женската фудбалска репрезентација на САД, чиј селектор е нашинецот Влатко Андоновски, ја освои титулата на првенството на КОНКАКАФ зоната.
Со освојување на титулата првак на Северна и Средна Америка, САД обезбеди место на Светско првенство 2023 и на Олимписките игри во 2024 година. Американките на петте меча на ова првенство славеа петпати и имаа гол-разлика 13-0.
Во финалето, Американките ја победија Канада со 1-0, а голот го даде Алекс Морган од пенал во 76-тата минута. За Морган тоа беше 118-ти гол во дресот на националниот тим.
HOW COOL CAN YOU BE, @ALEXMORGAN13 😮💨
— U.S. Women's National Soccer Team (@USWNT) July 19, 2022