Нова трагедија во МотоГП: Почина уште еден млад возач

Берта Вињалес почина на трката Спуерспорт 300 во рамките на светскиот шампионат кој се одржа во Херес. Младиот шпански мотоциклист им подлегна на повредите.

Вињалес кој имаше само 15 години беше дел од инцидентот во кој беа вклучени пет возачи, а при сударот се здоби со тешки повреди на главата и градниот кош.

Поради оваа несреќа, откажани се сите понатамошни натпреварувања на стазата во Херес. Пред само неколку месеци, Џејсон Дупаские го загуби животот во сличен инцидент како и денешниот.

- Оглас -

Најнови вести