Супер типот може да почне со победа на Ѓоковиќ и да заврши со пораз на НБА шампионот (Фото)

Супер типот повторно има топ-понуда од 16 натпревари од различни спортови и интересен почеток и крај.

Новак Ѓоковиќ е голем фаворит против Андреј Рубљов во првиот меч од понудата, а ќе се игра од 14 часот на завршниот турнир во Торино на осумтте најдобри тенисери во сезоната.

Коефициентот за триумф на Новак е 1.43, а популрниот Ноле ќе се обиде да се реваншира за поразот во финалето во Белград во април годинава, кога рускиот тенисер го порази на негов терен со 2:1 во сетови.

Во фокусот е и ракометот на Европското првенство, чиј домаќин е и Македонија, а денеска во понудата се два натпревари.

Словенија е фаворит против Унгарија од 15.30 часот и квотата за нивна победа е 1.50. Слично е и на дуелот меѓу Норвешка и Данска, а тука Норвежанките имаат повеќе шанси за триумф и коефициентот за единица е 1.55.

Можете да одбрете и хокеј, кошарка и во Европа и во НБА-лигата, секако, има и многу фудбал, уште еден тенис од Торино и како шлаг на тортата е полноќното дерби меѓу Феникс санс и Голден стејт вориорс.

Тој меч ќе се игра од 4 часот по полноќ, а Воините кои се актуелни прваци во НБА лигата, немаат победа на гости на досегашните 7 натпревари во новата сезона.

Ако верувате дека црната серија на прваците ќе продолжи, коефициентот во Супер типот на Sport Life е 1.92 за победа на Феникс санс.

- Оглас -

Најнови вести