Новак и официјално се повлече, нема да игра на турнирот на кој победи дури шест пати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, и официјално се повлече од настап на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами. Тоа значи дека Ѓоковиќ нема да игра на турнирот на кој шест пати ја освојуваше титулата.

Неиграњето на Мастерсот во Мајами може да значи и губење на првото место на АТП ранг-листата, посебно доколку Карлос Алкарас победи во Индијан Велс. Доколку Шпанецот слави во Индијан Велс ќе има 7.420 бодови, додека Ѓоковиќ ќе остане на 7.160 бодови.

Новак нема да настапи во Мајами бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Во САД сè уште е на сила одредбата со која се забранува влез во земјата на сите невакцинирани лица.

Прв настап на турнир од серијата Мастерс 1000 за Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе биде во Монте Карло кој треа да за започне на 9. април.

- Оглас -

Најнови вести