Новак му возврати на Надал: Не сум опседнат со ништо во животот

Рафаел Надал излезе со став дека Новак Ѓоковиќ е опседнат да ги урне сите големи рекорди во тенисот, на што првиот светски рекет му одговори дека не се работи за опседнатост, туку страст да се освојуваат нови врвови во спортот и докажување дека е најдобар.

„Тоа е негово мислење и го почитувам, но не сум опседнат. Со ништо во животот не сум опседнат, а најмалку со рекордите во тенисот. Тоа што тие го нарекуваат опседнатост, за мене е страст и цел. Уште кога почнав да тренирам тенис на шест години, си поставив цел дека еден ден ќе бидам најдобар во светот. Како што изминува времето, така нови цели се поставуваат пред мене. Никогаш не ми беше проблем да поставувам цели и да кажам дека сакам да го урнам тој и тој рекорд или сакам да го освојам овој или оној турнир толку пати. Тоа воопшто не е лошо, но секој на различен начин оди по патот на успехот“, истакна Ѓоковиќ.

Двајцата најдобри тенисери кон крајот на мај ќе атакуваат на вториот овосезонски гренслем, Ролан Гарос, на кој Надал е апсолутен владетел со рекордни 13 титули.

- Оглас -

Најнови вести