Новак со победа го прослави роденденот, а потоа доби и торта на теренот (Видео)

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, со победа се почести за својот 37-ми роденден, а доби и изненадување од организаторот.

Ѓоковиќ во второто коло на турнирот во Женева, Швајцарија, во два сета и тоа со 6:3,6:3 беше подобар од германскиот тенисер Јаник Ханфман.

По мечот, додека беше на теренот, Ѓоковиќ доби специјален подарок од организаторот, роденденска торта.

Новак во воодушевување го прифати подарокот, а потоа со насмевка на лицето ги почести собирачите на топчиња и обезбедувањето.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести