Новак требаше порано да го прифати имиџот на воин, а не да се обидува да биде како Федерер или Надал

Жо-Вилфред Цонга, кој минатата година замина во пензија, смета дека Новак Ѓоковиќ требаше во текот на целата кариера да остане доследен на своите убедувања и да биде „свој“, а не да се обидува да ги имитира неговите најголеми конкуренти, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Сфаќам дека Новак имаше период кога не сакаше да биде тоа што е. Сакаше да биде Роџер Федерер или Рафаел Надал, и тоа во период од кариерата кога можеби требаше да си остане доследен на своите убедувања. Денеска Новак е тоа што всушност е. Иако тоа можеби ги дели луѓето и фановите, мислам дека сега повеќе го ценат бидејќи е целосно искрен“, изјави Цонга во поткастот „10 спорт“.

Французинот е убеден дека Новак конечно го прифатил имиџот на воин кој го имал во себе.

„Повеќе не прави работи за повеќе да биде почитуван, туку прави работи бидејќи смета дека треба да бидат направени на тој начин. Тој во минатото сакаше да го избегне тој имиџ бидејќи е Србин кој преживеал тешки моменти во детството. Но, тој е воин и требаше да го прифати тој имиџ од самиот старт на кариерата. Мислам дека би бил повеќе почитуван и сакан да го направеше тоа порано“, додава Цонга.

- Оглас -

Најнови вести