Дербито на милионерите нема да биде баксузно за Фламенго

Новак Ѓоковиќ – Данил Медведев (АТП Синсинати, 00 часот)

Рускиот тенисер приреди сензација со победа против Новак Ѓоковиќ во Монте Карло годинава и успеа да ја прекине црната серија од три порази по ред против најдобриот светски тенисер.

Медведев игра одлично во овој дел од сезоната, а на претходниот турнир од Мастерс серијата во Монтреал играше финале и загуби од Рафаел Надал во меч за титулата.

Данил игра константно добро и тој е само еден од плејадата млади руски тенисери што најавуваат блесок во перспектива и атак на гренд-слем титулите.

Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а веќе го нема проблемот во Синсинати, турнир на кој загуби пет финалиња, пред да го освои конечно и тоа минатата година.

Новак е свеж, бидејќи не настапи на Роџерс купот, а се чини дека Медведев е најголемата пречка во квартетот тенисери што останаа во игра за титулата во Синсинати. Ќе типуваме на плус гемови, со можност мечот да заврши и во три сета.

Предлог тип: >22.5 гема (1.87)

 

Васко Де Гама – Фламенго (Бразил, 00 часот)

Време е за едно од најголемите дербија во светот на фудбалот, а Рио Де Жанеиро ќе има посебен шмек за дуелот на две екипи што имаат едновековно огромно ривалство.

На полноќ ќе почне популарното „Дерби на милионерите“, или познато како „Classico dos Milhoes“ во Бразил.

Првиот меч двете екипи од Рио го одиграа во 1920 година, а следната година ќе слават прекрасен стогодишен јубилеј. Нешто подобар биланс во неверојатни 336 меѓусебни натпревари во сите конкуренции има Фламенго.

“Црвено-црните“ победија на точно 130 дерби мечеви, а Васко де Гама се радуваше на успех на 125 дуели, со вкупно 87 средби што завршија нерешено.

Во моментов избраниците на Жорге Жезус, играчите на Фламенго се во многу подобра позиција и форма од градскиот ривал и се фаворити за победа.

Фламенго има извонреден биланс во последно време и 12 меча без пораз во големото бразилско дерби, па ќе типуваме дека и ноќеска нема да загуби.

Предлог тип: Х2&3+ (2.28)

 

Расинг – Ривер плејт (Аргентина, 01 часот)

Ноќеска ќе се игра уште едно градско дерби, а Буенос Аирес ќе биде фудбалскиот центар за дуелот меѓу Расинг и Ривер плејт. И двете екипи се од поширокиот ринг на главниот град на Аргентина, а ривалитетот како и секогаш кога станува збор за градско дерби е голем.

Двете екипи имаат пребогата историја, а заедно книжат дури 54 титули. Расинг има 18, Ривер двојно повеќе и е рекордер во Аргентина според бројот на трофеи во домашното првенство.

Последните 4 меча и припаднаа на Ривер плејт, но Расинг на својот „Хуан Доминго Перон“ е незгоден ривал. Стартуваше со две ремија, па се очекува Кристалдо и Лопес конечно да ги поведат соиграчите кон прв триумф, а победа против Ривер би била како шлаг на торта за Расинг.

Цвитаниќ, Донати, Гомес и Мена се повредени кај домаќинот што е хендикеп, а Пинола, Понцио и Квинтеро нема да играат за Ривер. Дерби е и ќе типуваме дека ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х (2.95)

 

Гремио – Палмеирас (Бразил, 02 часот)

Со серија од пет меча без победа Палмеирас го загуби првото место на табелата, па сега Сантош е лидер и во последните пет рунди направи три бода разлика.

И Гремио игра лошо во последно време и има серија од четири меча на кои не победи. Ноќеска двете екипи ќе ја почнат фудбалската авантура на три меѓусебни дуели во кус рок од 10 дена, бидејќи на 21. и на 28. август ќе играат меѓусебе и во четвртфиналето на Копа Либертадорес.

За Палмеирас ова е многу поважен меч, отколку за Гремио, бидејќи не смеат да дозволат да загубат, па дури и реми не им игра во битката да се вратат на лидерската позиција.

Сепак мора да се мисли и на Копа Либертадорес, каде на ред е завршницата и влогот е огромен, пласман во полуфиналето. што носи голема шанса да се атакува и на титулата.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.63)

 

Клуб Америка – Монархас ( Мексико, 04.05 часот)

Најтрофејниот и најпопуларен клуб во Мексико, Клуб Америка е голем фаворит за победа против Монархас Морелија. Домаќините на легендарната „Ацтека“ немаат пораз од овој ривал на последните 7 мечеви.

Америка има одличен старт во новиот дел од шампионатот на Мексико и засега има три победи и едно реми, со одлична гол-разлика од 8:3.

Монархас е во сосема спротивен тренд, има три порази и само една победа, а тешко е кога треба да се вади во меч против мексиканскиот гигант.

Америка ќе има предност и поради проблемите со повредени играчи на гостите, а најзначајни отсуства ќе бидат тоа на Сандовал и на Лохбор.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести